Вести Македонија Топ вести

Осомничениот за убиството на 14-годишникот во Прилеп дал исказ пред судија, обвинителството нареди психијатриско вештачење

Малолетникот кој се сомничи за убиството на четиринаесетгодишното момче во центарот на Прилеп, дал исказ пред судија за деца.

Во прилепскиот суд почна подготвителната постапка за случајот кој се случи пред една недела, во центарот на градот. Се преземаат и други дејствија по предлог на обвинителот.

„Судијата за деца во Основниот суд – Прилеп презема истражни дејствија по предлог на Основното јавно обвинителство – Прилеп и тоа сослушување на сведоци, сослушување на оштетените, сослушување на детето и вештачење“ велат од Основен суд – Прилеп.

Од обвинителството потврдуваат дека е побарано псисхолошко вештачење. Претходно беше побаран притвор за малолетникот и истиот беше одреден од страна на судија.

Во тек е истражната постапка за прибирање на останатите докази кои треба да помогнат во расветлување на случајот.

Правниот застапник на осомничениот петнаесетгодишник вели дека сѐ уште го немаат добиено обдукцискиот наод.

„Во тек е истражната постапка за собирање на останати докази. По наредба на обвинителството се прави и психијатриско вештачење по однос на неговата пресметливост и општата душевна состојба. Сѐ уште ги чекаме останатите докази, а го немаме добиено и обдукцискиот наод. Немаме добиено и други писмени докази кои треба понатаму да се прибават“ вели во телефонска изјава Кирил Топчиоски, адвокат.

Свирепото убиство на младото момче се случи на 29 февруари, во центарот на Прилеп. Четиринаесетгодишникот бил избоден со нож.

Момчето почнало да бега од групата, но по неколку десетици чекори паднало на влезот на прилепската чаршија.

Според законот, малолетникот кој се сомничи за убиството не може да добие затворска казна како кај полнолетните лица. Казната е со алтернативни мерки или во институции и трае најмногу до пет години.

Петар Догов

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Каде завршија дел од парите од луксузниот апартман на Тито- МВР му пиша пријава на Фрчковски, тој вели комична пријава од незнаење и за притисок

Дејан Дејан

(Видео) Село Света Петка без струја – ЕВН соопшти „дивите приклучоци доведоа до пад на мрежата“

Дејан Дејан

Глобалната слободна трговија е во „криза“

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе