Вести Македонија

Македонски државјанин пукаше во жена од Србија кај Прешево, па се самоуби

Во пукање во близина на наплатната рампа во Прешево, тешко ранета е млада жена, а мажот кој пукал во неа се самоубил. Таа потоа од здравствениот дом во Врање била пренесена во Ниш и била оперирана во Ургентниот центар.

Како што објави РТС, од Вишото јавно обвинителство Врање, мажот е државјанин на Македонија, а жената е од Србија. Тие биле заедно во автомобил, а по кратка расправија жената излегла и почнала да бега. Мажот испукал неколку куршуми кон неа, а потоа се застрелал самиот.

Мажот имал 52 години и е од Тетово. Девојката има 30 години и има две рани од куршуми.

Девојката се здобила со повреди во пределот на вратот и градниот кош. На пациентката итно и била укажана хируршка интервенција во операционата сала на Ургентниот центар, по што е хоспитализирана на Клиниката за интензивна нега на Универзитетскиот медицински центар Ниш.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Растат тензиите меѓу Москва и Баку – Русија го повика Мустафаев

Дејан Дејан

Екс заменик-министер за одбрана на Русија осуден за корупција

Дејан Дејан

Со над 200 амандмани почнува расправата за ребалансот на Буџетот

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе