Вести Македонија

Младите лекари чекаат решение од надлежните за нивната иднина, во спротивно си заминуваат од државата

Дел од младите лекари по општа медицина повеќе од три месеци чекаат да бидат повикани на платена пракса. Таа пракса е задолжителен услов за запишување на специјализација во септември и поради тоа треба да биде завршена дотогаш. Но, само 50-тина од нив биле повикани на шестмесечна пракса. На останатите млади лекари, кои се повеќе од стотина, иднината им останува неизвесна. Доколку не ја завршат праксата до септември, нема да можат да запишат специјализација. Тие велат дека иако сакаат да останат во оваа држава и да ја работат таа професија ова ги принудува иднината да ја гледаат надвор од Македонија.

„По шест години редовни студии и уште шест месеци минат стаж за полагање на државен испит, ние сме останати во агонија и загриженост за нашата иднина. Секојдневно го слушаме парадоксот на нашиот систем каде е очигледен недостигот на млади лекари, а во исто време ние сме оставени пред вратите на институциите, чекајќи вработување или платена пракса која ни следува со закон“, изјави Ивана Балоска, група млади лекари.

„Дел од колегите ја започнаа платената пракса од шест месеци во итната медицинска помош и здравствените домови, додека пак останатите сè уште чекаме. Ние секојдневно сме на вратите на институциите и бараме одговори за тоа кога ние ќе почнеме со платена пракса, а одговор се уште немаме“, изјави Симона Ѓеорѓиевска, група млади лекари.

Младите лекари велат дека се сретнале со министерстот за здравство Илир Демири и со итна постапка е доставено барање за решение на проблемот до Министерството за финансии, но досега немаат добиено одговор. За решавање на проблемот бараат поддршка од сите здравствени работници. Доколку надлежните не им излезат во пресрет овие млади лекари велат ќе заминат во некоја друга држава каде повеќе ќе бидат ценети нивниот труд и знаење.

Тамара Марковска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Сенатот го усвои „големиот прекрасен закон“ на Трамп

Дејан Дејан

Топлотен бран ширум Европа – повеќе земји бележат рекордни температури за овој период од годината

Дејан Дејан

Изборниот законик пример за различни предизвици во реформската агенда

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе