Вести Македонија Најважни

Здравствениот инспекторат во засилени контроли во градинките – за еден ден регистрирани 14 заболени со пертусис во Скопје

Скопје вчера регистрираше најголем број случаи со пертусис на дневно ниво. Потврдени се нови 14 пациенти заболени од ова заболување.

Меѓу нив има од сите возрасти, деветмесечно бебе, возрасен од 43 години како и деца кои одат во градинка и училиште.

Целосно заштитени, делумно вакцинирани но и прваче кое нема ниту една вакцина од задолжителниот календар, велат од Центар за јавно здравје – Скопје. Со нив во главниот град до сега има 138 случаи.

Поради ваквиот развој на ситуацијата Комисијата за заразни болести вчера побара позасилени контроли на Државниот санитарен и здравствен инспекторат низ градинките за да видат дали примаат невакцинирани деца.

Возрасните не се ризична категорија, туку децата под две години и затоа не секој што кашла треба да оди на ПЦР тестирање.

Вакцини за возрасни треба да стигнат во државата околу 15-ти овој месец и тие се препорачуваат за лица кои живеат со мали бебиња за да ги заштитат.

Сепак според Комисијата за заразни болести состојбата на национално ниво не е загрижувачка. Вројот на заболени од ова заболување расте и во регионот.

Во Србија од почетокот на годинава евидентирани се речиси 850 случаи, од нив 2 завршиле со смртен исход.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Следното покачување на пензиите да биде според законското решение, да го нема линеарното до 2.500 денари

Дејан Дејан

Пациентката со рак на бели дробови прими втора хемотерапија

Дејан Дејан

Рубикон си наплаќал по тендери и со одземена лиценца

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе