Вести Македонија

Преку Инстаграм до сајбер-булинг, а после часови во автобусите физички пресметки-животот на средношколците

Насилството не го одминува и виртуелниот простор. Дваесет проценти од учениците во средните училишта биле жртви со сајбер-булинг, покажа анализата на Инстутот за човекови права. Податоците се дека девојчињата повеќе се жртви на сајбер насилство, кои пак поминуваат еден час повеќе на социјалните мрежи за разлика од момчињата. Најмногу на мета се Ромите. Најголем проблем е што учениците или не пријавуваат сајбер насилство или ако пријават не веруваат дека тоа ќе им помогне.

„Она што е разочарувачки е дека оние ученици кои биле жртви на сајбер-булинг не добиле соодветна заштита или добиле ненавремена заштита од страна на институциите. Со тоа има мало разочарување кај учениците и се добива негативен ефект дека дури и да пријават насилство нема да ја добијат соодветната заштита“, изјави Јелена Кадриќ, Институт за човекови права.

„Дури децата и да се охрабрат да пријават тој процес не оди така анонимно и заштитетено, многу лесно протекуваат информациите и после истите жртви се дополнително предмет на насилство“, изјави Мартин Сопронов, Институт за човекови права.

Учениците најмногу ги користат социјалните мрежи за комуникација, но таму се сретнуваат со онлајн врсничко насилство каде што најдоминантен облик е озборувањето со дури 35,8%, а тоа повеќе ги погодува девојчињата. Најчест мотив за вршење на онлајн врсничко насилство кај момчињата е за да покажат моќ, а кај девојчињата причините се одмазда, омраза и завидливост.

„Особено е важно да има едукација и зголемување на дигиталните вештини на учениците. Меѓутоа исто така неопходни се и соодветни обуки кои ќе бидат наменети за наставниот кадар како и за стручните служби од училиштата, вклучувајќи ги тука и психолозите и педагозите“, изјави Даниела Андоновска, магистер по родови студии.

Освен онлајн насилството, меѓу средношколците има и физичко насилство. Најчесто се случува во автобус, а причината е етничка основа. Поради тоа од Министерството за внатрешни работи ќе патролираат во автобусите во цивилна облека на линиите во кои најчесто се случува насилството.

Анкетата на Институтот била спроведена на 1.017 ученици од трета и четврта година во 18 средни училишта од осум региони низ државата.

Тамара Марковска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Дигитален упис во средно догодина

Дејан Дејан

Младите не веруваат во брз влез во ЕУ

Дејан Дејан

Филипче – Кос: Потребен е внатрешен консензус за евроинтегративниот пат на државата

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе