Вести Македонија

Ќе собира потписи за претседател на два дена со истек на рокот – до ДИК доставена уште една Иницијатива

На два дена од истекот на рокот за собирање на потписи за кандидати за претседател, до Државната изборна комисија (ДИК) денеска била доставена Иницијатива за собирање на потписи за кандидатура од страна на Драган Николовски. Како што информираат од ДИК, потписите и за него ќе се собираат во подрачните одделенија/канцеларии на Државната изборна комисија на цела територија на државата.

До овој момент потребните 10 000 гласови ги собраа седум кандидати.

Билјана Ванковска Цветковска кандидат од партијата Левица од граѓаните собра
10.500, Бујар Османи од ДУИ – 11.085, Максим Димитриевски од ЗНАМ 11.605,
Стевчо Јакимовски 11.202, Арбен Таравари  10.710, кандидатот на Социјал демократскиот сојуз (СДСМ) Стево Пендаровски има собрано 22.411, Гордана Силјановска кандидат на ВМРО-ДПМНЕ 28.086 гласови.

Сите останати пријавени кандидати за шеф на државата имаат помалку потписи – кандидатката Мерсиха Смаиловиќ поддржана од Бошњачкиот демократски сојуз има 1.876, кандидатот Вело Марковски 1.551 потпис, Ѓорѓи Манасков 468, Зорица Цветковска 255, Господин Попоски 137 потписи.

Според податоците од ДИК, во овие пет дена, ниту еден потпис нема за кандидатот Томе Николоски и за Гоце Ристов кој иницијатива за собирање потписи поднесе вчера.

Собирањето потписи се одвива во сите подрачни одделенија и канцеларии на ДИК сместени во седиштата на 34 локални самоуправи и пред надлежните нотари.

Учесниците на изборите, листите со кандидати за претседател на државата треба да ги достават до ДИК најдоцна до 19 март, на полноќ.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Европа да се обедини, реформите се тешки, уставните измени главен услов – пораки од еврокомесарката Кос

Дејан Дејан

Министерство за енергетика: Не се изгубени средства од Реформската агенда, обврските ќе се исполнат до јуни 2026 година

Дејан Дејан

Запленети 100 килограми марихуана во Струмица

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе