Вести Македонија Најважни

Џафери со нови поголеми бројки за издадени пасоши и лични карти, смета дека има време сите гласачи да извадат важечки документ за избори

Статистиките кои техничкиот премиер Талат Џафери ги кажа денеска повикувајќи се на дневни извештаи од МВР се многу повисоки од досегашните бројки со кои се расфрлаат технчикопт МВР и дополнителниот заменик за ВР, Тошковски и Бојмацалиев.

Според Џафери, од 1-ви февруари до 29-ти февруари вкупно барања за патни исправи има 123.983, од кои изготвени се 95.267 патни исправи. Примени барања за лични карти има 82.235, а изготвени лични карти се 71.410. Барања за возачки дозволи има 46.280, а изготвени се 39.552

Има уште 50 дена до изборите, во текот на март месец граѓаните можат да поднесат барање и да се опремат со соодветни документи, изјави денеска на прес-конференција во Владата техничкиот премиер Талат Џафери, одговарајќи на новинарското прашање како ќе го искористат своето право на глас на избори оние кои немаат важечки лични документи и дали Владата ќе го прифати предлогот на Државната изборна комисија (ДИК) пасошите да продолжат да бидат валидни за идентификација за денот на гласањето.

Џафери смета дека има до изборите има 50 дена, па со динамиката на издавање на документите досега, вели дека тие 100 илјади лица што се спомнуваат како информација дека немаат документ, според него, во текот на март месец можат сите да се опремат со соодветни документи.

„Може секој еден граѓанин да иницира да добие соодветен документ. Но, граѓанинот треба да иницира барање. На пример, за да имам документ треба јас да побарам документ“, изјави Џафери.

Според него, прво треба да му се даде предност на правото на граѓанинот да иницира навремено и соодветно барање да има документ, а потоа, како што рече, нивна обврска е да излезат со соодветна одлука како ќе постапат.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Три министерства во „реформски минус“ од 40 милиони евра

Дејан Дејан

Следното покачување на пензиите да биде според законското решение, да го нема линеарното до 2.500 денари

Дејан Дејан

Пациентката со рак на бели дробови прими втора хемотерапија

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе