Вести Македонија Топ вести

„Замрзнатите цени“ се „одмрзнаа“, поскапување има, Пазарен немоќен

Рафтовите осамнаа без натписот „Гарантирана цена“, дел од производите со зголемена цена. Заврши владината мерка за замрзнати цени, трговците ги одмрзнаа дел од прехрамбени производите, се жалат граѓаните.

Инспекторите уште од вчера на терен во обид да го запрат предвреме енормното зголемување. Раст на цените има, утврдил ДПИ кој тврди дека не е надлежен да влијае на цената, но апелира до трговците на мало и големо да ги задржат цените на основните прехранбени производи на ниво на стандардот на граѓаните.

Од денеска престанува мерката замрзнати цени која се однесуваше на дел од основните прехранбени производи, а нејзино продолжување како што најавија од министертството за економија нема да има. Мерката беше еден од начините за заштита на животниот стандард на граѓаните. Се чека и на донесување на законот за нефер трговски практики кои што треба да ги регулира ценовните шокови.

Симона Петровска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Фон дер Лајен, Макрон и Мерц: Построги санкции ако Русија одбие примирје

Дејан Дејан

Илјадници Романци на проевропски протест пред вториот круг од претседателските избори

Дејан Дејан

Бомбашки напад во Судан: Загинаа 14 членови на едно семејство

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе