Ракомет Спорт

Грчевски: Немавме што да загубиме, ова се мечеви што многу ни значат

Женската ракометна репрезентација на Македонија во третиот настап во квалификациите за Европското првенство го забележа првиот пораз.

Нашата селекција е совладана од Шпанија со 31:19, но сепак ова беше уште една одлична можност за овој состав да стекне неопходно искуство кое многу ќе значи за во иднина.

“Без разлика на резултатот, едни вакви натпревари многу значат за нашата репрезентација. Знаевме дека нема што да загубиме и затоа така и го почнавме дуелот без притисок, затоа што знаевме дека Шпанија е Шпанија, селекција од која може само да научиме а девојката да добијат на мотив и самодоверба дека може да играат, без разлика и на крајниот исход. Девојките дадоа максимум и јас генерално сум задоволен без разлика на резултатот. Можеби, за разлика од најдобрите европски селекции, кај нас физичката подготовка не е на високо ниво и тоа влијае за пад на играта во второто полувреме. Но, работиме на тоа и верувам дека и секоја од репрезентативките и индивидуално низ клупските активности ќе работи на тоа”, изјави по натпреварот селекторот Кристијан Грчевски.

ФОТО: Игор Паневски

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Македонските ракометари останаа без пласман во главната фаза на младинското СП

Дејан Дејан

Рекордни 20 екипи во новата сезона на Евролигата

Дејан Дејан

Мбапе во болница – неизвесен за следниот меч на Реал Мадрид на СП

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе