Македонија Најважни

Промена на планот на ЕСМ – помалку ископ, повеќе увоз на јаглен

За само еден месец, државниот производител на струја ЕСМ го менува планот за производство за 2024 година, со што ги намалува предвидените количини јаглен што сами ќе ги ископаат, а за три пати ги зголемува количините на јаглен што треба да ги набават.

Со измените, до кои дојде Телма, се предвидува зголемено производство на струја во термоцентралите, но во исто време се предвидува помал ископ, а поголеми набавки на јаглен од првично планираното.

Според планот од 13 ноември 2023 година, се предвидува ископ на 5 милиони тони јаглен во битолските рудници, и набавка на 300 илјади тони јаглен.

За еден месец, на 20 декември 2023 година, планот се менува, па сега се предвидува ископ на 4 милиони тони јаглен, и три пати поголеми набавки од претходно, односно 1,4 милиони тони.

Во ЕСМ велат дека толкава е можноста на рудниците.

„Доколку се земе предвид дека и годинава, како и лани, планирано е зголемено производство на електрична енергија од РЕК Битола, а рудниците ПЈС Суводол и Брод – Гнеотино имаат можност да испорачаат околу 4.000.000 тони јаглен, тогаш разликата до потребите околу 6.000.000 тони јаглен за непречена работа на Термоелектраните на РЕК Битола се надополнува со јаглен од увоз. Скоро идентична количина на јаглен беше увезена за потребите на РЕК Битола и минатата година“, велат во ЕСМ.

Во Осломеј, пак, се предвидува и зголемен ископ, но и зголемени набавки на јаглен.

Според првичниот план, ЕСМ предвидува набавки на јаглен од 640 илјади тони, а со промените три пати повеќе, односно купување на 1 милион и 950 илјади тони.

На 13 февруари годинава беше затворен јавниот повик за набавка на скоро 600 илјади тони јаглен. Една битолска и две скопски фирми го поделиле колачот вреден 41 милион евра.

Во тек е јавен повик за набавка на нови скоро 1 милион и 400 илјади тони јаглен.

Срѓан Стојанчов

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Крвава пресметка на битолскиот пазар заради местоположба на тезгите – 42-годишник од зад грб се обиде да убие тезгаџија со нож

Дејан Дејан

Мапи со горливи точки објави ЦУК – централниот дел на земјава под висок ризик од пожари

Дејан Дејан

Припадник на АРМ убиен во престрелка во Батинци, се трага по убиецот

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе