Вести Македонија

Европскиот сојуз за промени го прекинува бојкотот на Собранието

Европскиот сојуз за промени го прекинува бојкотот на собраниската работа. Шестмината пратеници на БЕСА, Алтернатива и Демократко движење повторно ќе учествуваат во работата на собраниските тела. Ова го потврдува пратеникот Фадиљ Зендели, со објаснување дека закажувањето пленарна седница за избор на член на ДИК е основа за прекин на бојкотот.

Договорот е направен на утринската координација кај спикерот Јован Митрески. Тој побарал од партиите потврда за обезбедување дво-третинско мнозинство, кое е неопходно за избор на член на ДИК. Терминот 28 февруари е утврден како краен рок за оваа точка. Можно е да биде разгледувана и порано, уште оваа недела, доколку дел од пратениците се вратат од службен пат и доколку се обезбеди кворум.

Опозициската коалиција го предлага Абдуш Демири. Минатата недела, на Комисијата за избори и именувања, тој беше утврден како единствен кандидат. По двомесечен застој, вториот кандидат, Зулфи Адили од Алијанса, се повлече и беше именуван за директор на Агенцијата за странски инвестиции.

ДИК работи во некомплетен состав цела година, по изборот на Кренар Лога за министер. Подготовките за избори се интензивираат, а шестмината членови ги утврдија календарите на изборните дејствија. Седмиот член треба да се избере со најмалку 80 пратеници по предлог на опозициските партии.

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

САД бараат од НАТО-сојузниците прифаќање на пет проценти од БДП за одбрана

Дејан Дејан

На пристаништето во Солун пронајдени 58 килограми кокаин

Дејан Дејан

САД и Саудиска Арабија потпишаа економски договор кој опфаќа енергетска и судска соработка

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе