Вести Македонија Топ вести

Нема каде да бегаат, нема каде да се кријат, секаде ќе ги најдеме – Мицкоски предупредува за евентуална пљачка при договор за увоз на јагле во РЕК Битола

Нема каде да бегаат, нема каде да се кријат, секаде ќе ги најдеме, порача лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски по обвинувањата на опозициската партија дека раководството на државната ЕСМ се обидува во последен момент на потпише годишен договор за набавка на увозен јаглен за РЕК Битола во вредност од близу 100 милиони евра.

„Сите оние кои ќе бидат дел од процесот, но и во оној другиот близу три милијарди денари за ископ на јаглен и јаловина, кој се подготвува за омилената компанија на раководството на СДС и ДУИ и малкумина од менаџментот на ЕСМ, ќе бидат соучесници и ќе одговараат. Лично ќе се занимавам со овој случај по формирање на новата влада“, порача Мицкоски.

Таквите тврдења, според Мицкоски, се базираат врз интерен документ од ЕСМ кој го поседува ВМРО-ДПМНЕ. На вработените им порача да не подлегнуваат на притисоци од раководството на компанијата, како и од СДСМ и од ДУИ.

„Луѓето од термоелектраната во Битола да не подлегнуваат на притисоци од неколкумината во раководството и да потпишуваат документи со кои ќе го пљачкаат народот, со кои ќе ја пљачкаат Македонија, за сметка на малкумина од врхушката од СДС и ДУИ и малкумина луѓе кои се дел од менаџментот на ЕСМ, поранешно ЕЛЕМ“, рече Мицкоски.

Мицкоски потенцира дека тие кои го планираат овој скандал имаат намера со ситен аванс да ги наполнат куферите и да избегаат по 8 мај. Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ порача дека одговорност ќе има и оти тој лично ќе се занимава со скандалот по формирање на новата влада.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Остра реакција на Мицкоски за извештајот во Европскиот парламент

Дејан Дејан

(ВИДЕО) Нов пожар во близина на Скопје, гори кај Смилковци- очевидец пријавил на полиција дека видел како е подметнат

Дејан Дејан

Тошковски за пожарите: Се разгледуваат сите опции и сценарио кое би можело да има друга позадина

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе