Вести Македонија Топ вести

МВР кубури со обрасци за пасоши, значителна количина пристигнува кон крај на месецот – подигнување со СМС порака од понеделник

Издавањето проблем, сликањето уште поголем. МВР мака мачи да обезбеди образец плус за пасош. Оттаму за Телма потврдуваат дека процесот ќе запрел, но фирмата добавувач интервентно испорачала минимална количина. Така ќе биде и во наредниот период, а поголема пратка се очекува до крајот на месецот. Рекордите на заменети пасоши кои достигнуваат и над 170.000 патни исправи за месеците декември- јануари не може да ги следи фирмата која го добила тендерот за изработка на обрасци.

Сепак техничкото дуо министри со оптимизам дека реновирањето на управата ќе го спаси процесот на замена на документи. Утрово и техничкиот министер и заменикот ги посетија просториите и од прва рака ги слушнаа најавените измени. Од понеделник се става крај на хаосот со чекање ред. Секој кој се сликал во изминатиот период, ќе добие текстуална порака на својот мобилен број кога да си го подигне пасошот.

Оние, пак, кој се сликале поодамна исто од понеделник ќе можат да се проверат на страницата на мвр.орг во посебен оддел со внесување на матичниот број дали пасошот е готов. Но, овие опции ќе важат само за оние граѓaни кои се сликале во полициска станица „Пролет“ или управата во зградата на МТВ.

Дополнително од МВР информираат дека возачките дозволи и сообраќајните дозволи со името „Република Македонија“ кои сè уште се важечки, се заменуваат во редовна постапка со нови со името „Република Северна Македонија“ и притоа на граѓаните не им се наплаќа цената пропишана за тие обрасци до 31 декември 2024 година. Сепак, давачка има затоа што треба да се смени уште еден закон.

„Но, за истите документи пропишанa е административнa таксa која се наплатува, согласно Законот за административните такси кој се уште нема претрпено измени во тој дел. МВР ќе предложи измена на законот, се со цел и административната такса да не се наплаќа“, се наведува во соопштението на МВР.

Но, надлежните министри во акција им се придружија и техничкиот премиер и министерот за надворешни работи. Владината посета во Минхен ја искористија да поделат готов патни исправи на граѓаните од дијаспората.

Павле Беловски

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Остра реакција на Мицкоски за извештајот во Европскиот парламент

Дејан Дејан

(ВИДЕО) Нов пожар во близина на Скопје, гори кај Смилковци- очевидец пријавил на полиција дека видел како е подметнат

Дејан Дејан

Тошковски за пожарите: Се разгледуваат сите опции и сценарио кое би можело да има друга позадина

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе