Вести Македонија Топ вести

ВМРО-ДПМНЕ поднесе кривична пријава против Оливер Спасовски, кој бил директно одговорен за хаосот со личните документи

ВМРО-ДПМНЕ поднесе кривична пријава за доскорешниот министер за внатрешни Оливер Спасовски бидејќи ги оштетил граѓаните и буџетот, со тоа што знаејќи дека ваква обврска ќе стапи на сила, набавувал обрасци за лични документи, иако знаел дека граѓаните не можат да ги користат до крајот на рокот на нивното издавање, велат од партијата.

  • Имено, тој овој период од 12.02.2019 па се до средината на 2021 година тој свесно и директно раководејќи со Министерството за внатрешни работи кои што впрочем ги издаваат овие документи нанесува штета на десетици илјади граѓани. И таа штета е и материјална и нематеријална штета. Две ипол години тој ја донесува македонската јавност, граѓаните на Република Македонија во заблуда со ова негово постапување. Впрочем тој врши злоупотреба на службената положба и овластувања, и несовесно работење во службата. И оваа кривична пријава впрочем се заснова на прекршување на членовите 353 став 1 и 353-в став 5 од Кривичниот закон. Очекуваме од Јавното обвинителство да ја прифати кривичната пријава поднесена од ВМРО-ДПМНЕ и да отвори истрага за Оливер Спасовски бидејќи одговорност во оваа држава мора да има. Апелираме и очекуваме дека новоизбраниот Јавен обвинител на Република Македонија ќе покаже дека е професионалец, а не дека е продолжена рака на власта во заминување на СДС и ДУИ, изјави Игор Јанушев од ВМРО – ДПМНЕ.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

(ВИДЕО) Нов пожар во близина на Скопје, гори кај Смилковци- очевидец пријавил на полиција дека видел како е подметнат

Дејан Дејан

Тошковски за пожарите: Се разгледуваат сите опции и сценарио кое би можело да има друга позадина

Дејан Дејан

Локално население, грчки канадери, пожарникари и војници од АРМ го гаснеа пожарот во селото Николиќ

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе