Големата кашлица може да се шири и во текот на летните месеци, затоа е потребна што помасовна вакцинација, апелира д-р Весна Мицевска од Детската клиника.
Двете дечиња кои се хоспитализирани таму добро закрепнуваат. Во наредниот период се очекуваат нови случаи, болеста е сериозна и може да има последици, затоа е подобро да се спречи.
Во таа насока и Комисијата за заразни болести донесе препорака за да се прогласи епидемија на територијата на Град Скопје, но и по една недела Владата без одлука надлежните да реагираат.
Весна Мицевска педијатар пулмолог на Универзитетска детска клиника беше гостинка во емисијата „Да си кажеме“ на Утринска на Телма