Поради доцнење на јануарската плата вработените во ЈСП утре повторно ќе штрајкуваат, а скопјани ќе останат без јавен градски превоз.
Оваа информација за Телма ја потврдија од синдикатот на ЈСП кои револтирано кажаа дека повеќе нема да толерираат ниту ден да доцнат платите.
Пред еден месец вработените во ЈСП штрајкуваа поради доцнење на декемвриската плата, а советот на град Скопје ги изгласа субвенциите кои неколку пати беа одбивани од советничката груа на ВМРО-ДПМНЕ.
© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.