Македонија Топ вести

Мијалков од Апелација бара намалување на казната затвор

Сашо Мијалков, поранешниот директор на УБК бара од Апелација предвреме да биде пуштен од затвор. Барањето за условен отпуст до судот е пратено на 3 февруари. Мијалков по спогодбата со обвинителството за случајот Империја доби 3 години затвор. Законот им овозможува на осудениците по истекот на половина од казната и поради добро поведение, да можат да бараат скратување на казната. Мијалков казната ја издржува во затворот во Струга, откако ја смени адресата на живеење.

На 18 декември, Кривичниот совет, го одбил барањето на Мијалков, велат од Кривичниот суд за Телма. Одбиена била и неговата жалба, по што Мијалков сега надеж гледа во второстепениот суд.

И додека се продаваше на аукција и имотот вреден околу 30 милиони евра кој му беше одземен во Империја, тој се вработи како возач за потребите на струшкиот затвор. Мијалков е задолжен за затворско комбе за набавка на стоки за потребите на затворот.

Во меѓувреме беа продадени акции, два стана во Охрид и земјиште кои му беа одземени. Последната продажба на становите на Водно, помина со контроверзии. Најпрвин имаше закани и притисоци кон заинтересираните наддавачи и вработени во Агенцијата за управување со одземен имот. Потоа становите повторно завршија во рацете на Мијалков, односно ги купи фирмата на неговиот син.

Апелација претходно укина три пресуди против Мијалков за случаите „Трезор“ и „Таргет- Тврдина“ за прислушувањето и „Титаник 2“ за изборни нерегуларности. Со измените на Кривичниот законик, тој и дефинитивно се спаси од казна затвор за „Таргет- Тврдина“ и „Титаник 2“, а „Трезор“, застарува годинава.

Марија Митевска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Остра реакција на Мицкоски за извештајот во Европскиот парламент

Дејан Дејан

(ВИДЕО) Нов пожар во близина на Скопје, гори кај Смилковци- очевидец пријавил на полиција дека видел како е подметнат

Дејан Дејан

Тошковски за пожарите: Се разгледуваат сите опции и сценарио кое би можело да има друга позадина

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе