Вести Македонија Топ вести

Амбасадата во Рим ја информирала Италија дека старите пасоши не важат, МНР тврди дека не дало такви инструкции

Италија на 6 февруари била известена дека македонските пасоши со старото уставно име нема да важат од 13 февруари. Известувањето стигнало не од страна на Грција туку од амбасадата на Македонија во Рим и тоа по упатство од Министерсвото за надворшени работи на Македонија.

Ова го покажува факсимилот од дописот, кој денеска го објави паретникот на ВМРО-ДПМНЕ, Антонијо Милишоски, а во кој може да се прочита дека македонската амбасада го известила италијанското МНР дека валидноста на пасошите со старото уставно име завршува на 12 февруари.

Во врска со вербалната нота на Министерството бр. 4151/МАЕО223860 на датум 27 декември 2023 информираме дека согласно Член 3 од Законот за патни исправи, пасошите со претходното име ’Република Македонија’ издадени до денот на примената на овој закон, ќе важат до истекот на периодот на важност наведен во пасошот до 12 февруари 2024 година и по тој датум не ќе можат да се сметаат за валидни, се наведува е во дописот до италијанскотот МНР од амбасадата во Рим.

Од македонското МНР пак демантираат дека тие испратиле какви и да било упатства до дипломатско-конзуларните претставништва на земјава, за информирање на земјите домаќини за рокот за важноста на пасошите.

Министерството за надворешни работи информира дека ниту едно дипломатско–конзуларно претставништво на Република Северна Македонија нема добиено инструкција да доставува ноти за предметната тема до земјите на акредитација, наведуваат од МНР.

Во одговорот до Телма од МНР наведуваат и дека нотата на македонската амбасада во Рим била веднаш отповикана, но без притоа да се наведе точен датум на отповикувањето.

По добиените сознанија за испратената нота до италијанското МНР, истата по дипломатски пат веднаш е отповикана, уште пред стапување во сила на наведениот рок за важноста на пасошите и со тоа, не предизвика никакви импликации. Министерството веќе спроведува интерна постапка за утврдување на одговорност за расчистување на случајот, се наведува во одговорот од МНР.

Инаку Милошоски, кој на својот фејсбук профил го објави документот на македонската амбасада во Рим, а кој е поранешен министер за надворешни работи, коментирајќи го документот наведе дека ниту МНР, ниту амбасадата, немаат право да прогласат за неважечки личен документ кој тие не го издале, туку во случај на пасошите, за тоа е надлежно МВР.

На дописот до италијанското МНР е потпишан македонскиот амбасадор во Рим, Весел Мемеди, кој како амбасадор во Италија замина во февруари 2022 година. Инаку Мемеди е политички именуван амбасадор кој беше пратеник до 2019 година, од редовите на НДП, која тогаш беше во коалиција со СДСМ и ДУИ.

Тамара Грнчароска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Тошковски за пожарите: Се разгледуваат сите опции и сценарио кое би можело да има друга позадина

Дејан Дејан

Локално население, грчки канадери, пожарникари и војници од АРМ го гаснеа пожарот во селото Николиќ

Дејан Дејан

Почна изградбата на гасоводниот интерконектор со Грција

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе