Вести Македонија Топ вести

Агелер: Северна Македонија се потврди како лојална членка на НАТО во помошта кон Украина

Северна Македонија ги потврди своите вредности како лојална земја членка на Алијансата. Таа е четвртата земја која по број на жители и помогна на Украина, и тоа не само со воена опрема, туку и преку други начини на асистенција. Ние сме многу благодарни, искрено многу други побогати земји не помогнаа на начин на кој помогна оваа земја, истакна американската амбасадорка Анџела Агелер во интервју за ТВ Канал 5.

Таа се заблагодари на граѓаните и институциите на земјава што ја поддржале Украина и нивните напори, преку НАТО и преку други начини против, како што рече, ужасната, бруталната и крвавата инвазија на Русија и Путин и војната која трае речиси две години.

„Она што е важно е дека во САД, исто како и во Северна Македонија, имаме избори оваа години и затоа секогаш ќе има определени политичари кои ова прашање ќе го искористат за добивање политички поени, преку правењето ова прашање да биде контроверзно. Јас силно верувам дека граѓаните на САД силно ја поддржуваат Украина, заштитата на нивниот суверенитет и обидите да се заврши војната, затоа сум прилично убедена дека ќе продолжиме со помошта, исто како што сум убедена дека граѓаните на оваа земја ќе ги направат истото“, истакна амбасадорката на САД.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Остра реакција на Мицкоски за извештајот во Европскиот парламент

Дејан Дејан

(ВИДЕО) Нов пожар во близина на Скопје, гори кај Смилковци- очевидец пријавил на полиција дека видел како е подметнат

Дејан Дејан

Тошковски за пожарите: Се разгледуваат сите опции и сценарио кое би можело да има друга позадина

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе