Вести Македонија Топ вести

Сообраќајните дозволи се наплаќаат и денес

Дојдоа поради владината одлука дека ќе бидат бесплатни сообраќајните и возачките дозволи. Но, ги дочека непријатно изненадување бидејќи им кажале дека тие се наплаќаат. Дел од нив останаа да чекаа ред, дел од нив си заминаа.

Од владата која ја донесе оваа мерка за да се ублажи напнатата криза со документи со ново уставно име, велат дека одлуката ќе биде спроведена. Други детали не кажаа.

Телма праша неколку станици за технички преглед дали обрасците се бесплатни, а од таму ни кажаа дека се уште немаат добиено дозвола од МВР тие да ги издаваат бесплатно. Од МВР пак велат дека обрасци за возачки има, а има и сообраќајни дозволи кои се во магацин и се очекува да бидат испорачани за многу краток период. Ваква беше сликата утрово на една од станиците за технички преглед.

Налепници нема,тврдат граѓаните и дел од станиците, додека пак од МВР велат дека тие се доставени во сите технички прегледи.

„Налепници се доставени во станиците за технички преглед. Доколку имате информации во кои станици нема налепници, известете не да извршиме проверка“,  велат од МВР.

Владата на вчерашната седница донесе одлука возачките и сообраќајните дозволи од денеска да бидат бесплатни, а истото важи и за налепниците. Возачите мора на регистарските таблички да имаат налепница НМК во спротивно нема да можат да ја напуштат државата, а за останатите до крајот на годината.

Симона Петровска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Тошковски за пожарите: Се разгледуваат сите опции и сценарио кое би можело да има друга позадина

Дејан Дејан

Локално население, грчки канадери, пожарникари и војници од АРМ го гаснеа пожарот во селото Николиќ

Дејан Дејан

Почна изградбата на гасоводниот интерконектор со Грција

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе