Вести Македонија Топ вести

Пендаровски: Законот за игри на среќа може се врати пред пратениците само во редовна процедура

Законот за игри на среќа, не може повторно да се врати пред пратениците со европско знаменце, туку само во редовна процедура, објасни претседателот на државата, Стево Пендаровски, откако одби да го потпише указот.

Ваквата негова постапка наиде на критика од ДУИ од каде коментираат дека образложението дека европското знаменце било злоупотребено е приказна за мали деца. Но, Пендаровски уште еднаш повтори дека добил писмена забелешка од ЕУ.

  • „Јас не мислам дека писмен допис од Брисел, било кого тука во земја кандидат, која преговара за членство во ЕУ, може да се каже дека е приказна за мали деца. Според мене тоа е сериозно укажување кое не би смеело како однесување да го повторуваме понатаму. Значи мора да има прецизна европска директива со број и датум кога е донесена. Во овој случај такво нешто нема, затоа треба Законот да оди во редовна процедура и да не трае само два три дена целата расправа, само тоа е. Не велиме дали е добар или лош законот како содржина, може да биде одличен, но велиме мора да се однесуваме како Европа, пред да бидеме во Европа“- Стево Пендаровски, претседател на РСМ.

Пендаровски образложи дека во гласањето на овој закон било злоупотребено европското знаменце, на што укажала Европската комисија во писмото испратено до Владата, но и дека европскиот амбасадор Гир лично му рекол дека ова е уште една во серија злоупотреба на европското знаме.

Денес, својата разочараност преку писмо до претседателот ја искажаа од Движењето Антикоцкање, кое со години се залага за дислокација на објектите на игри на среќа.

  • „Со вашата постапка, наводна злоупотреба на европското знаме, го легализиравте перењето на валкани пари и во име на европските стандарди го штитите сомнителниот капитал, кој ја задушува нашата држава“- Движење Антикоцкање. 

Вчера, пак, одлуката на претседателот ја поздравија од Асоцијацијата на спортски обложувалници, при што велат дека ова е уште една потврда дека немало правна основа, додека од Здружението на вработени во сектор игри на среќа „САКАМ ДА РАБОТАМ“ сметаат дека со неа се заштитени Уставот и европските вредности и дека 10 илјади семејства може да здивнат.

Со измените на Законот за игри на среќа се предвидува оддалечување на обложувалниците и казината на најмалку 500 метри од училиштата. Владејачкото мнозинство вели дека тоа се прави за да се заштитат децата. Опозицијата, пак, реагираше дека образложението е лицемерно, зашто во исто време се отвораат три нови фирми кои ќе организираат онлајн коцкање.

Данијела Билбилоска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Тошковски за пожарите: Се разгледуваат сите опции и сценарио кое би можело да има друга позадина

Дејан Дејан

Локално население, грчки канадери, пожарникари и војници од АРМ го гаснеа пожарот во селото Николиќ

Дејан Дејан

Почна изградбата на гасоводниот интерконектор со Грција

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе