Скопското обвинителство бара Судијата за деца да поведе постапка против две 15-годишни девојчиња кои се осмничени дека ја претепанаа нивната соученика, со што извршиле кривично дело насилство.
Настанот предизвика повреди кај средношколката, но и чувство на вознемиреност во јавноста, велат од Обвинителството. Бруталната тепачка се случи минатата недела, на 9 февруари, во центарот на Скпоје на улицата „Мирослав Крлежа“, а присутните ја снимаа со мобилните телефони.
На видеото кое беше објавено и се споделуваше на социјалните мрежи се гледа како девојчињата најпрвин разговараат, а потоа почнува вербална расправија, по што две од нив ја соборија нивната другарка на земја, ја удирааат со тупаници и клоци, се додека едно момче не ги раздвои.
- „Во текот на постапката јавниот обвинител предлага да се сослушаат децата во судир со законот и оштетената, како и сведоци на настанот, да се прибави вештачење на видот и карактерот на повредите, да се обезбедат снимки од сведоци на настанот, да се прибави мислење од Центарот за социјални работи, како и да се преземат сите други неопходни дејства“, се наведува во соопштението од ОЈО Скопје.
Покрај овој случај на врсничко насилство, Основното јавно обвинителство од Скопје поднесе барање до Судијата за деца за поведување постапка и за четворица други малолетници на возраст од 15 до 17 години, кои пак се сомничат за кривично дело разбојништво.
Тие на 12 февруари во близина на детското игралиште во Нерези, пресретнале 16 годино момче, го удирале со раце и нозе при што му ја нагмечиле главата, по што детето изгубило свест. Потоа му го одзеле мобилниот телефон од јакната и избегале. За овие четири деца кои и другпат вршеле кривични дела, по предлог на јавниот обвинител, Судот веќе определи мерка притвор.
Емилија Мисирлиевски