Вести Македонија Топ вести

Изгаснат е пожарот во East Gate Mall, трговскиот се врати на редовна работа

Вработени во East Gate Mall и граѓани стојат пред објектот. Ваква беше сликата утрово пред трговскиот центар , откако избувна пожар во грил- ресторан на третиот кат. Вработените во трговскиот центар и граѓаните кои дојдоа да пазарат велат дека навреме биле евакуирани и после 11 часот сѐ уште чекаа да влезат внатре.

  • Вработена сум. Ни рекоа дека има евакуација, дека имало пожар на третиот кат на „ Футкорт“ и кога ќе заврши сѐ, ќе можеме да влеземе на работното место, вели вработена во East Gate Mall.
  • Сега баш пред малку дојдов. Видов дека имало пожар, па ќе чекам. Ќе чекам да влезам, вели момче кое дошло да пазари во трговскиот центар.
  • Чекам веќе половина час, вели друго момче кое дошло за пазари.

Од Противпожарната бригада на Град Скопје рекоа дека откако било пријавено за пожарот, 5 возила со 15 пожарникари интервенирале и го локализирале. Тој избувнал во вентилациски канал на грил- ресторан , на третиот кат во East Gate Mall.

(изјава по телефон : Звонко Томески- командант на Противпожарна бригада на Град Скопје)

  • Во 09. и 35. часот примена е дојава за настанат пожар во делот од трговскиот центар East gate Mall, во делот каде што се рестораните. Односно, дека е опожарен вентилациски канал. Вендаш се испратени 5 противпожарни возила со 15 пожарникари. Пожарот за брзо време беше локализиран. Сега се работи на расчистување на местото, да не се појави случајно повторно, кажа Звонко Томески , командат на ППБ на Град Скопје.

Во пожарот нема загинати или повредени граѓани и нема голема материјална штета. Неговото ширење навреме било спречено со заедничка акција на техничките служби од трговскиот центар и пожарникарите, велат од East Gate Mall.

  • Согласно утврдените процедури на трговскиот центар за ваков тип на ситуации беа активирани системите за заштита од пожар и вработените во трговскиот центар беа евакуирани.
    Како резултат на навремената реакција на службите нема повредени лица ниту е причинета голема материјална штета. Настанот се случи во време кога трговскиот центар се уште не е оперативен и нема посетители, велат од East Gate Mall.

Откако екипа од МВР заврши со увидот, после 12 часот East Gate Mall профункционира нормално. Но, поради пожарот затворен е делот за брза храна. Истрагата ќе даде одговор за причината за палењето на вентилацискиот канал на грил- ресторанот.

Сотир Трајков

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Тошковски за пожарите: Се разгледуваат сите опции и сценарио кое би можело да има друга позадина

Дејан Дејан

Локално население, грчки канадери, пожарникари и војници од АРМ го гаснеа пожарот во селото Николиќ

Дејан Дејан

Почна изградбата на гасоводниот интерконектор со Грција

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе