Вести Македонија Топ вести

Досега се регистрирани 28 случаи на пертусис во Скопје

Вкупно 28 случаи на пертусис, народски кажано голема или магарешка кашлица, се евидентирани на територија на Скопје до утрово, соопшти докторка Лулзиме Бајрами од Центарот за јавно здравје (ЦЈЗ).

Комисијата за заразни болести, меѓу другото, донесе препорака за прогласување епидемија на голема кашлица во Скопје.

Здравствените власти периодов апелираат до граѓаните да се вакцинираат и себеси и најмладите, со цел да се заштитат од пертусис. Како што нагласуваат, вакцината која се прима на 2, 4, 6, 18 месеци и на 7 години е клучна за да се спречи понатамошно ширење на болеста.

УНИЦЕФ изрази загриженост од растечкиот број случаи на голема кашлица во земјата и од вестите за случаи со мали сипаници во регионот и се придружи кон повикот на здравствените експерти, до родителите и старателите, да ги вакцинираат децата што пропуштиле вакцинација.

Заменик министерката за здравство во техничката Влада, Маја Манолева истакна дека пунктовите во здравствените домови работат со продолжено работно време. Во однос на сезонскиот грип, таа информираше дека досега се вакцинирани преку 60.000 луѓе.

Во државава има хоспитализирани деца, но и возрасни со пертусис. Надлежните, сепак, изминатите денови изјавија оти кај нас состојбата е стабилна и за разлика од други држави во регионот, за среќа, немаме смртни случаи.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

(ВИДЕО) Нов пожар во близина на Скопје, гори кај Смилковци- очевидец пријавил на полиција дека видел како е подметнат

Дејан Дејан

Тошковски за пожарите: Се разгледуваат сите опции и сценарио кое би можело да има друга позадина

Дејан Дејан

Локално население, грчки канадери, пожарникари и војници од АРМ го гаснеа пожарот во селото Николиќ

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе