Вести Македонија

Старите возачки дозволи ги паркираа такси возилата во Штип

Триесет до 50 осто од такси возилата во Штип останаа паркирани. Претседателот на Здружението на такси компании, Глигор Арсов вели дека возачите со стари сообраќајни дозволи со Република Македонија во наредните седум дена ќе одмораат.

Чекаат вчерашната одлука на пратениците да стане правосилна, со која старите  возачки и сообраќајни дозволи  ќе важат до 31 декември. Не седнуваат зад воланот се додека не помине целата процедура.

Такси возилата немаат проблеми со налепниците НМК на регистарските таблички, од причина што поголем дел од нив се новите таблички. Тие ќе достават иницијатива професионалните возачи меѓу првите да ги обновата возачките дозволи.

Такси компаниите во моментов имаат недостаток од возачи, од причина што и голем дел заминуваат да работат за големите транспортни компании.

Викторија Димитрова Јованова

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Европратениците утре ќе гласаат за извештајот за Македонија

Дејан Дејан

Ангелов: Имаме доброволци, имаме професионалци од ТППЕ, цврсто сум решен да направам и специјалци пожарникари

Дејан Дејан

Ангелов: Зад сите пожари, би рекол, стои човечки фактор, лани имавме неколку пожари од грмотевици и од допир на жици

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе