Вести Македонија Најважни

И Македонија на „црната листа“ – „Дејли мејл“ ја објави мапата на држави кои Трамп не би ги бранел од Русија

Македонија до минатата година била во групата на земји членки на НАТО кои издвојуваат помалку од 2 отсто (1,87 отсто за 2023) од Бруто домашниот производ (БДП) за одбрана. Тоа беше годишниот минимален праг на кој се обврзаа сојузниците во 2014 година, кога Русија го презеде Крим од Украина, но само 11 од вкупно 31 држава (Финска последна се придружи на Алијансата) останаа на зборот.

Членките на НАТО не плаќаат членство во организацијата и не должат ништо, освен придонес во административниот фонд. Но, Трамп веројатно не мислеше на административната такса, кога од митинг во Јужна Каролина се наврати во минатото, додека беше претседател на САД, на порака за лидер на „голема членка“ дека ќе ја скрати американската помош и ќе ја „охрабри Русија да прави што сака на сојузниците кои не вложуваат доволно во војската“.

Македонија, сепак, во 2024 година го достигнала прагот одвојувајќи 327 милиони евра, односно 2,05 отсто од БДП за одбрана, за што Министерството за одбрана го известило и НАТО.

Порталот forces.net изнесе податоци од минатата година за средствата што секоја држава членка на НАТО ги издвојува за националната армија. Извештајот покажува дека само 11 држави издвоиле повеќе од 2 отсто од домашниот БДП, границата под која, интересно, е Франција (1,90 отсто), Норвешка (1,67 отсто) и Германија (1,57 отсто).

На врвот за одбранбените буџети од минатата година биле Полска и Грција. Со 3,90 отсто Полјаците издвојуваат поголем дел, процентуално се разбира, од САД (3,49 отсто). Трети се нашите јужни соседи со 3,01 отсто. Земјите членки кои се граничат со Русија, минатата година ги зголемија своите издвојувања за НАТО од почетокот на руската инвазија на Украина. Естона е четврта со 2,73 отсто, следуваат Литванија (2,54 отсто), Финска (2,45 отсто), Романија (2,44 отсто), Унгарија (2,43 отсто), Летонија (2,07 отсто), Велика Британија (2,07 отсто) и Словачка (2,03 отсто).

Со издвојувања под 2 отсто од БДП за 2023, покрај Франција (1,90 отсто), Македонија (1,87 отсто), Норвешка (1,67 отсто) и Германија (1,57 отсто), биле и Црна Гора (1,87 отсто), Бугарија (1,84 отсто), Хрватска (1,79 отсто), Албанија (1,76 отсто), Холандија (1,70 отсто), Данска (1,65 отсто), Чешка (1,50 отсто), Португалија (1,48 отсто), Италија (1,46 отсто), Канада (1,38 отсто), Словенија (1,35 отсто), Турција (1,31 отсто), Шпанија (1,26 отсто), Белгија (1,13 отсто) и Луксембург (0,72 отсто).

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Европратениците утре ќе гласаат за извештајот за Македонија

Дејан Дејан

Ангелов: Имаме доброволци, имаме професионалци од ТППЕ, цврсто сум решен да направам и специјалци пожарникари

Дејан Дејан

Ангелов: Зад сите пожари, би рекол, стои човечки фактор, лани имавме неколку пожари од грмотевици и од допир на жици

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе