Иселеници во Канада со електронски допис до Телма тврдат дека во конзулатот во Торонто биле информирани дека немало патни листови за оние што немаат пасоши.
-Во конзулатот во Торонто нема патни листови, “најверојатно” ќе стигнале до 22-ри Февруари. Ова ни беше соопштено денеска по телефонски повик со конзулатот. Ниту еден медиум не известува за ова. Дали се воведува во прашање патувањето за оние македонски граѓани кои се враќаат во државата по 12-ти Февруари а пред 22-ри овој месец? Дали е ова случај и со другите конзулати во светот? Би Ви биле благодарни доколку ги истражите овие случувања, пиша една гледачка на Телма на службениот мејл.
Телма упати прашања до МНР за да одговори каква е состојбата со патните листови низ дипломатско-конзуларните претставништва низ светот.
По престанок на важењето на пасошите, сите кои ќе се најдат во странство за враќање треба да извадат или нов пасош или патен лист за да успеат да стигнат во државата и да минуваат граници. Граничните полицајци во Македонија ќе ги пропуштаат сите граѓани во државата без разлика какви документи имаат.
Патните листови инаку се плаќаат по 35 евра што е дополнителен трошок за иселениците.