Вести Македонија

Страшно, грозотија, кршење на човекови права-Тошковски за проблемот со издавање нови документи, најавува и дека граѓаните може да тужат и добијат од државата баснословни суми

Решението е да се смени законот бидејќи нема технички и персонални капацитети да се издадат новите лични документи, оцени министерот за внатрешни работи Панче Тошковски во интервју за Канал 5.. Но, за тоа нема слух од другите министри, тврди еден од двајцата министри на ВМРО-ДПМНЕ во техничката влада. Тоа решение е за да се заштитат човековите права на граѓаните, вели Тошковски.

-Измените ги подготвив. Готови се. Тука се. Бев опструиран во овие две недели од мои колеги, односно од други министри, кои ми велеа дека ќе сме прекршеле меѓународен договор. Како сум се дрзнал да предлагам вакво нешто. Она што го предлагам е согласно сите меѓународни акти кои гарантираат основни човекови права. Со тоа што ние ќе забраниме излез на македонските граѓани и ќе ги притвориме на територија од 26 илјади квадратни километри ги кршиме Европската конвенција за човекови права, Универзалната декларација за човекови права, го кршиме нашиот Устав, кршиме донесени пресуди од Стразбур. Кршиме основно човеково право. Оваа држава ќе треба да му плати баснословни суми за надомест на штета на секој еден граѓанин кому ќе му оневозможи да излезе од државата, а е со валидна патна исправа од аспект на втиснат датум со старо име, изјави Тошковски за Канал 5.

Тој смета дека нема кршење на меѓународните договори со усогласување на техничките рокови на Преспански договор исклучиво врз објективни, технички и човечки капацитети на РСМ. Така, вели дека само можеме да ја исполниме неговата суштина, а во никој случај да ги прекршиме техничките рокови.

-Може да се бараат нови рокови. Ова што се случува е флагрантно кршење на човекови права, дефинирани со меѓународни акти кои се цивилизациска придобивка. Ова е страшно, вели министерот кој објасни дека е откриен и проблем со возачките дозволи за кој досега никој не алармирал.

-Согласно Законот за безбедност во сообраќајот, возачките дозволи кои се со старото име повеќе нема да важат ниту за внатрешна ниту за надворешна употреба. Ги замолувам граѓаните да не ги возат возилата со старите возачки дозволи. По медиумите има информации дека МВР ќе казнува. Тоа не е суштината. Не дај Боже, ако се случи сообраќајна несреќа, осигурителните компании ќе имаат право на регрес само поради условот што возачката дозвола е неважечка. Ова е невидена грозотија која од утре ќе се случува, вели техничкиот министер за внатрешни работи.

Тој повторно им се извини на граѓаните за состојбата во која се најдоа.

Детали за тоа како може да се користат пасошите и возачките- граничната ќе пропушта со стари лични карти, можни проблеми со осигурување возила

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

(Фотогалерија) Повредени 24 луѓе, спасени екипажи, патници, деца – силно невреме мина низ Сплит

Дејан Дејан

Владата прогласи кризна состојба поради пожарите

Дејан Дејан

ЕУ е за проширувањето, но и недостига временска рамка – кога

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе