Од полноќ, Северна треба да осамне во скоро секој документ, во спротивно нема излез од државата ниту за граѓаните ниту за возилата.
Ако до сега се иташе за сликање и издавање документи, МВР од утре пред нов предизвик и поголема обврска да овозможи документи со новото уставно име.
По укажувањето во вечерашната топ тема, техничкиот минитер Панче Тошковски ексрпесно ги потпиша правилцните со кои се продолжува лепењето на НМК налепници на регистарските таблички, но и рокот за обновување на старите таблички со три бројки, со и без ознака МК исто до 31 декмеври, а чија што важност истекуваше на полноќ.
Без промена на овие правилници кои му беа предочени на министерот, МВР од ноќеска на полноќ немаше да може воопшто да лепи налепеници на регистарските таблички со 4 бројки, и со МК ознака, а граѓаните доколку сакаа да патуваат ќе извисеа.