Вести Македонија Најважни

Дојде „5 до 12“ за личните документи – промена на закони во последен момент, за исправите без „Северна“

Остануваат само уште неколку часа. Со крајот на денот, завршува и важноста на личните документи со старото уставно име.

Викендов јавноста беше доведена во паника. МВР ги извести граѓаните да не седнуваат зад воланот со возачка без „Северна“, затоа што истата нема да важи ниту за домашна употреба.

Ова доведе до трка со времето за измена на две законски решенија. Партиите едногласно и брзо одлучија да ги изменат законите.

Проблемите остануваат исти, метежот не престанал, а обрасци – нема.

„Ова е реалноста. Сакам да знаат македонските граѓани дека ниту има пасоши како обрасци, физички. А, нема ниту возачки дозволи во доволен број. И тоа е факт. Промената на законите е единствено нормално, возможно и системско решение коешто може да ги реши проблемите од една страна, а од друга страна да не предизвика флагрантно кршење на човековите права“ изјави Панче Тошковски, министер за внатрешни работи во преодната Влада.

Потребата од законски измени досега никој не ја изнесе во јавноста.

Наместо тоа, поранешниот министер за внатрешни работи, Спасовски, уште кон крајот на летото уверуваше дека нема да има никакви проблеми за граѓаните, а најмалку казни.

„Нема да има никаков проблем во остварувањето на правата. Според оваа динамика којашто ја имаме јас сметам дека успешно ќе се заврши целата таа промена на личните документи. Во ниту еден случај нема да стане збор за казнување на граѓаните – тоа нема да го направиме. Ниту пак тие ќе трпат во остварувањето на своите права“ кажа поранешниот министер за внатрешни работи, Оливер Спасовски, на 21.08.2023 година.

Додека Спасовски беше на позиција, се отвори пунктот за фотографирање за лични документи без претходно закажување. Неговиот наследник во фотелјата, техничкиот министер Тошковски, уште веднаш го укина тој модел.

Сега луѓето се фотографираат за документите, но само со термин.

Петар Догов

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Врховниот суд ја укина пресудата со 3 години затвор за Васил Јованов, но Кривичниот ја наведе како отежителна околност при изрекувањето на 12 години затвор за прегазувањето на Фросина Кулакова

Дејан Дејан

Петрески: Трошокот за општеството е поголем од унгарски кредит, бидејќи каматната стапка ја плаќаат даночните обврзници

Дејан Дејан

САД бараат од НАТО-сојузниците прифаќање на пет проценти од БДП за одбрана

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе