(ФОТО Илустрација) Лекар во Итната помош во Радовиш синоќа пријавил дека бил нападнат на дежурство во Здравствениот дом во овој град. 36-годишниот лекар бил нападнат на работното место. Полицијата денеска го сослушала 53-годишниот радовишанец кој бил пријавен за насилството. За нападот е известен и јавен обвинител во Радовиш. Ова е уште еден напад врз здравствен работник, лекар, медицинска сестра или болничар кој се случува во здравствена установа.
Соопштението на МВР во продолжение:
На 10.02.2024 во 20.10 часот во Полициската станица Радовиш Х.Е.(36) од село Прналија, радовишко, лекар во Итна медицинска помош во Радовиш, пријавил дека околу 19.00 часот во просториите на Здравствен дом Радовиш, додека бил на работното место, бил физички нападнат од Т.Д.(53) од Радовиш. На 11.02.2024 во просториите на Полициската станица Радовиш бил извршен службен разговор со Т.Д., за настанот е запознаен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Радовиш и по документирање на настанот ќе биде поднесена соодветна пријава.