Македонија

Корона пандемијата со последици по здравјето на граѓаните

Зголемен е бројот на срцеви и мозочни инфаркти, како и на пациенти со инфаркт на нозете.  Според кардиолозите станува збор за последици кои се чувствуваат од корона пандемијата. Познатиот интервент кардиолог, воедно и началник на Одделот за кардиологија во штипската болница, Сашко Николов вели ако пред пандемијата на одделението имале месечно  по 30 стентирања, денес оваа бројка е зголемена.

  • Сега месечно ни доаѓаат по 40 до 45 стентирања, некогаш и 50. Бројот на каротидни стентирања е зголемен за три пати, бројот на периферните пациенти кои доаѓаат со периферни болести можеме да кажеме и пет пати зголемен од претходно. Самата корона пандемија направи рапидно зголемување и пораст на артеросклеротските болестите кај пацинетите.  Имаме зголемен број на мозочни и срцеви инфаркти, зголемен број на пациенти со инфаркти на нозете и на крвните садови на белите дробови, изјави д-р Сашко Николов, кардиолог – Клиничка болница – Штип.

Николов забележува дека паѓа и старосната граница, ниту пак постои и полова бариера.Повеќе не држи и верувањето дека жените поради хормоните се поотпорни  на кардиоваскуларните заболувања.

  • Ако се веруваше дека женските хормони, естрогените и прогестероните ги штитеа жените од срцеви инфаркти, гледаме дека последниот период, последните месец-два, во декември и јануари, имаме 3 млади жени од 38 до 44 години со срцев удар. Имаме млади момчиња од 27-28 години со тешки срцеви инфаркти, додаде д-р Николов.

Кардиолозите по пандемијата истражуваат и досега имаат забележено дека вирисот Ковд 19 освен што го напаѓа белодробието, има имапкт и врз крвните садови.

  • Секој што го вдишал вирусот, антигените на виросот се шетаат по телото и се вгнезуваат во еден дел, дали се тоа крвните садови и имунолошкиот систем понатаму се модифицира. Го напаѓа тој антиген, а сакајќи да го уништи, уништува и сето она што е здраво, дали се работи за крвен сад, бели дробови, црева или мозок ги уништува имунолошкиот ситсем- изјави д-р Николов.

Николов смета дека ова е една од причините за зголемените инциденци на автоимуни појави кај пациентите со ваквите заболувања. Штипска кардиологија има доволно опрема со која  располагаат и какошто вели Николов може да им се излезе во пресрет на пациентите од источниот регион.

Викторија Јованова

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Пратениците му скроија пензија на Народниот правобранител Зибери на половина мандат- власта распиша оглас за нов омбудсман

Дејан Дејан

Прво закон за Судски, па кандидат од Вила Водно

Дејан Дејан

Мицкоски и Сиљановска со критики за случувањата во ЕП

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе