Македонија

ПАВЛЕ ТРАЈАНОВ: ПАРЛАМЕНТОТ ДА СОЗДАДЕ УСЛОВИ ЗА ДА ПРОДОЛЖИ ПОСТАПКАТА ЗА ЧЕТИРИТЕ ХАШКИ ПРЕДМЕТИ  ОД 2001година ГОДИНА

Наместо Владата да го сокрива барањето од Советот на Европа за расчистување на Хашките предмети “ВОДСТВО НА ОНА”, “ЛИПКОВСКО ЕЗЕРО”, “ГРОБНИЦА НЕПРОШТЕНО” и “МАВРОВСКИ РАБОТНИЦИ”, да предложи Собранието на Македонија да го суспендира автентичното толкување со кое Законот за амнестија ,од 2002 година, ги опфати и овие четири Хашки предмети, вели претседател на Демократски сојуз, Павле Трајанов.

  • Согласно ЖЕНЕВСКИТЕ КОНВЕНЦИИ, воените злосторства над цивилно население не застаруват, затоа Собранието има обврска да создаде правни претпоставки за да се истражат овие тешки кривични дела против цивили и да се утврди одговорноста на сите вклучени во извршувањето на овие злосторства, вели Трајанов.

Почитувајќи го начелотo на презумпција на невиност, сите мора да се соочат со правдата и да понесат одговoрност. Судот мора да донесе одлука да ги отстрани од вршење јавни функции сите за кои има основани сомненија дека се актери на овие злосторства.Целосно го поддржуваме ставот на Советот на Европа: “Без цврсто осудување на злосторствата од минатото не може да се гради мирно демократско општество”, смета Трајанов.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Силјановска – Давкова: амандманите излобиран од бугарски европратеници се показател дека ЕУ има сериозен проблем со демократијата

Дејан Дејан

Европратениците дебатираат за извештајот на Вајц за Македонија

Дејан Дејан

Претседателката нема да предлага член на Судски додека не се донесе новиот закон

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе