Вести Македонија

ММА: Пратеникот Арбр Адеми го кочи донесувањето на измените на Законот за АВМУ

Пратеникот и претседател на Комисијата за европски прашања Арбер Адеми од ДУИ го кочи донесувањето на измените на Законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги, се жалат од Македонската медиумска асоцијација (ММА).

„Имено, измените на законот за АВМУ кој треба да ја сопре галопирачката и дрска пиратерија, да обезбеди регулација на односот на телевизиите со кабелските оператори, како и транспарентност при трошење на буџетски пари, се закочени од господинот Арбр Адеми, претседател на Комисијата за европски прашања, член на ДУИ, кои појавуваат политичко самоволие поддржано и од другиот владин партнер, пратениците на СДСМ. Менаџерите на членките на ММА имаа повеќе средби со претставници на СДСМ и ДУИ на кои ни стана сосема јасно дека една од тие две партии има крајно непринципиелен став и за нас неетички став кон една наша телевизија, поради несогласувањето со уредувачката политика на таа ТВ компанија, однесување кое е скандал само по себе. Колкав е проблемот на огромната пиратерија е фактот што повеќе од една година ОЈО Скопје не донесува обвинителен акт против еден сателитски оператор, иако се доставени голем број на докази и нотарски записници за утврдување на факти. Се сомневаме дека постои и застој во ОЈО поради случај на сериозен кронизам, па ММА ќе поднесе ургентна претставка до Вишиот обвинител. Загрижува фактот што ОЈО не ја гони пиратеријата што е сериозно кривично дело кое прави огромна штета на многу субјекти, гледачите и нас телевизиите, за што доколку треба во блиска иднина ќе се обратиме до обвинителскиот совет“, се вели во реакцијата на ММА.

Според нив, на тој начин брутално и директно тој го руинира медиумскиот пазар, наштетувајќи им на гледачите, ТВ компаниите и на странските продуценти. Од ММА велат дека тоа го констатирале по  одржаните средби со прататеници од ДУИ и од коалициониот партнер СДСМ, а причината за кочењето на усвојувањето на законските измени е поради несогласувањето со уредувачката политика на една ТВ куќа.

Од ММА најавија преставка до Вишиот обвинител, откако утврдиле дека ОЈО не ја гони пиратеријата на која треба да и се стави крај со усвојувањето на измените на Законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Трамп испраќа писма со нови царини до трговските партнери

Дејан Дејан

Уште едни неуспешни преговори за прекин на огнот помеѓу Хамас и Израел

Дејан Дејан

Фрлен отпушок од автомобил причина за пожарот кај Блаце?

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе