Вести Македонија

Четири години чекаат да полагаат за лиценци – без нив нема вработување во градинките

Над 900 воспитувачки, негователки и кандидати за директори низ градинките во земјава, речиси, четири години чекаат да полагаат за лиценци со кои ќе можат да се вработат во овие установи, откри денеска техничкиот министер за труд и социјална политика, Ѓоко Велковски. Комисијата за лиценци може само да ги продолжува лиценците, а договорот со операторот којшто го врши лиценцирањето завршил и досега не е распишан повик за избор на нов.

Во штипските детски градинки има недостаток на кадар, а испразнети се околу 60 работни места за негователки и воспитувачки. Поради немањето на кадар, голем дел од децата не можат да се згрижат и се на листа на чекање за прием.

Техничкиот министер Велковски денеска од Штип најави дека наскоро ќе имаат и решение за негователките и воспитувачките во струшките градинки, кои протестираа, поради нерешениот статус, но и паричниот надоместок од само 10.000 денари.

Викторија Јованова

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Се гасне пожарот во реонот на Блаце

Дејан Дејан

Двомесечен прекин на огнот како преодна фаза кон траен мир во Газа – Нетанјаху на средба со Трамп во Вашингтон

Дејан Дејан

Се урна дел од надстрешница на „Кнез Михајлова“

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе