Вести Македонија Најважни

Проблемот со пасошите денеска ќе се најде на владина седница

Владата на седница денеска ќе го разгледува проблемот кој настана со издавање на патните исправи со новото уставно име на државата.

Се очекуваат конкретни мерки кои би го забрзале процесот. По 12ти февруари старите патни исправи ќе бидат неважечки за надворешна употреба согласно Преспанскиот договор.

Со денови пред пунктовите кои беа отворени за фотографирање на граѓаните се затекнува истата слика со огромни колони граѓани кои чекаат во ред.

Вчера во интервју за Телма техничкиот министер за внатрешни работи Тошковски рече дека во наредниот период ќе бидат отворени нови пунктови, а ќе биде воведено и двосменско работење.

Во функција ќе бидат сите базни станици и нема веќе фотографирање без термин.

Со завршената ревизија на телефонските пријави за фотографирање било утврдено дека дури 30 илјади биле фиктивни што претставуваат голема кочница во процесот.

Рече и дека она што до сега било направено биле само популистички мерки кои биле слабо менаџирани.

(видео)Интервју со министерот Тошковски: Од среда пунктот Пролет со зголемен број базни станици

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Хеликоптер на МВР интервенира кај Блаце, пожарот сè уште активен – сообраќајот се одвива отежнато

Дејан Дејан

Бројот на жртви во поплавите во Тексас се искачи на 59 – стотици спасувачи трагаат по исчезнати

Дејан Дејан

Пожар кон граничниот премин Блаце, се шири кон шума

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе