Вести Македонија

Ученик со тврд предмет нападнал соученичка во училница во Кисела Вода

Мајка од Скопје денеска пријавила дека нејзината ќерка била нападната во училница во училиште во Кисела Вода, соопшти полицијата.

36-годишната мајка пријавила дека ќерката била нападната од нејзин соученик во период околу големиот одмор во училиштето. Момчето користело и тврд предмет при напдот врз својата соученичка.

Полицијата го истражува случајот и објави детали од пријавата во дневниот билтен:

Денеска (05.02.2024) во 08.00 часот во СВР Скопје, Г.Т.И.(36) од Скопје пријавила дека на 02.02.2024 околу 09.30 часот во училница од основно училиште на подрачјето на Кисела Вода во Скопје, нејзината малолетна ќерка била физички нападната од нејзин соученик, кој употребил и тврд предмет. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Хеликоптер на МВР интервенира кај Блаце, пожарот сè уште активен – сообраќајот се одвива отежнато

Дејан Дејан

Бројот на жртви во поплавите во Тексас се искачи на 59 – стотици спасувачи трагаат по исчезнати

Дејан Дејан

Пожар кон граничниот премин Блаце, се шири кон шума

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе