Вести Македонија Најважни

Почна штрајкот во ФЗОМ – рецепти и упати ќе има, но нема исплата на породилно, боледувања и плати во јавното здравство

Почна штрајкот во ФЗОМ – за граѓаните рецепти и упати ќе има, но нема да има исплата на средства за породилно отсуство, боледувања, капитација  и за плати во јавното здравство. Од Синдикатот велат дека не отстапуваат од барањето да не им се намали платата за 21 отсто како што предложи Владата. Според нивните пресметки со кратењето на платите ќе се дојде до сума од еден и пол милиони евра што е помалку од половина отсто во вкупниот Буџет за Фондот за здравство. Тврдењата на Министерството за финансии дека поради нивните плати нема да има за лекови ги отфрлија како груби невистини и манипулации.

Вработените во Фондот за здравство од денеска почнаа со штрајк незадоволни од  предлогот на Владата до Управниот одбор да им се намали јануарската плата за 21 отсто. Во подрачните единици работните обврски се сведени на нужен минимум за да се исполнат елементарните потреби на граѓаните.

Рецепти и упати за граѓаните ќе има, а ќе функционираат лекарските комисии за боледувања.

„Во моментот шалтерските служби во ФЗОМ се  прекинати со работа освен за неколку случаи а тоа се, регулирање на здравственото осигурување кај деца, регулирање на здравствено осигурување кај хоспитализирани лица доколку нема осигурување, дополнително итните случаи за лекување во странство кај централната служба и лекарските комисии што даваат наод оценка и мислење за одредени прашања како боледување продолжуваат со работа“, изјави Бранко Аџигогов, претседател на Синдикат на ФЗОМ.

Буџетски пари за јавното и приватното здравство нема да има вклучувајќи ги исплатите за породилно отсуство, боледување и капитација.

„Сите финансиски аспекти на ФЗОМ моментално се во прекин. Нема исплати за цело јавно здравство и за огромен дел од приватното јавно здравство. Се е стопирано. Сите финансиски надоместоци кои директно треба да се одобрат одобрат и да се пуштат се блокирани“ вели Аџигогов.

Според Синдикатот вкупната сума која ќе се заштеди со намалувањето на платите изнесува околу 1,5 милион евра што е 0,19 проценти од Буџетот на Фондот.

Вработените во ФЗО сеуште чекаат на јануарската плата и велат дека штрајкот ќе трае се до исполнување на нивното барање. Од Владата побараа на утрешната седница да го повлече предлогот даде до Управниот одбор за намалување на платите. Тврдењата на министерството за финансии дека поради нивните плати нема да има средства за набавка на лекови ги отфрлија како лаги и шпекулации.

„Апелираме до Владата на утрешната седница и веќе пративме допис до техничкиот премиер Талат Џафери да отвори точка на дневен ред и да се разгледа нашето барање. Како што донесоа заклучок со препорака УО да ги намали платите сега да донесе заклучок да остане истата вредност на бод од  77,16 ден и таа вредноста на бод да биде до крајот на оваа година. Граѓаните да бидат спокојни дека ќе има лекови и помагала со сите. Апелирам до Министерството за финансии и тој што го напиша соопштението во кое стои дека ако се исплатат истите плати нема да има лекови за граѓаните да не се случи уште еднаш такво нешто. Да не се лаже јавноста, не личи министерството да игра на емоции на граѓаните и да ги лаже дека нема пари во ФЗОМ“, изјави Трпе Деаноски, претседател на УПОЗ.

Денеска во седиштето на Фондот за здравство се одржа состанок на кој присуствуваа раководителите на сите подрачни единици и на кој е дадена целосна поддршка на барањата на Синдикатот.

Огнен Чанчаревиќ

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Хеликоптер на МВР интервенира кај Блаце, пожарот сè уште активен – сообраќајот се одвива отежнато

Дејан Дејан

Бројот на жртви во поплавите во Тексас се искачи на 59 – стотици спасувачи трагаат по исчезнати

Дејан Дејан

Пожар кон граничниот премин Блаце, се шири кон шума

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе