Се зголемува бројот на заразени деца со салмонела во беровскиот регион. Центарот за јавно здравје-Кочани денеска регистрира шест нови случаи, со што бројот на заразени деца во Берово се искажи на 11. Директорот, Гоце Серафимов вели дека за анализа пристигнати се нови мостри.
Претходно од оваа институција информираа дека од направените анализи на земаните мостри од површините и вработените во детската градинка 23 август се покажа дека нема салмонела, но се уште се чекаат резултатите од храната, кои најверојатно ќе се знаат во текот на утрешниот ден.
Случајот со бактеријата салмонела во беровската градинка „23 август“ е од минатата недела, кога беа потврдени пет случаи, а дали и новите шест се поврзани со градинката ќе се знае по направената анкета од епидемиологот.
Родителите реагираа на социјалните мрежи и посочија дека околу 40 деца имале здравствени проблеми со симптоми карактеристични на оваа бактерија. Кујната во градинката е затворена, се додека не се добијат три последователни негативни тестови.
Викторија Јованова