Вести Македонија Најважни

Напад за Дритон Небиу, куршум – порака за Арбен Таравари, сопартијците во Алијанса за Албанците со поделени ставови ги полнат полициските билтени

„Можеш да ме убиеш, но не и да ме исплашиш“, по синоќешните закани кон него од сопартиец во Алијанса за Албанците, партискиот и владин функционер Дритон Небиу, се огласи на социјалните мрежи. Инцидентот во кафуле во Тетово го пријавил во полиција, а утрово полицајците имале работа и пред домот на претседателот на партијата Арбен Таравари. Пред влезот му било оставен куршум од автоматска пушка. Иако поделени во ставовите како да се настапи на изборите, партиските функционери со осуда за инцидените ,повикаа проблемите да се решаваат со гласање, а не со насилство на улиците.

Закани по живот за Дритон Небиу, куршум – порака за Арбен Таравари. Врие во Алијанса за Албанците откако претседателот на партијата Арбен Таравари ја предводи иницијативата за изборно коалицирање со здружениот Европски сојуз. По синоќешниот прес за преиспитување на одлуката пред партиските органи, предводен од поранешниот лидер Зијадин Села, инциденти го наполнија полицискиот билтен на СВР Тетово. Во центарот на градот, пред влезот на домот на градоначалникот и партиски лидер на Алијасна за Албанците, Арбен Таравари пронајден е крушум. Орудието е од автоматска пушка, поштарот која ја оставил ќе се бара, а пораката допрва ќе се толкува.

  • Арбен Таравари, претседател на Алијанса на Албанците: Жал ми е за моето семејство, а особено за мајка ми која особено лошо ја доживеа оваа ситуација. Жал ми е за оние политичари кои покажуваат дека нивниот аргумент за премолчување на нечиј глас се куршуми, куршуми кои ме потсетуваат на Италија од 1992 година кога мафијата го уби познатиот судија Џовани Фалконе. За тоа ми е жал, но тука завршува моето жалење и почнува мојата радост, затоа што разбирам дека тие што ја држеа оваа земја во заложништво, се во очај од пораз. Кој и да го испукал тој куршум, му велам: И да пукате тешка артилерија, промената започна и нема да запре. Можете да ме убиете, а тоа би била голема загуба за моето семејство и жал ми е што и моите деца го читаат ова. Но, ти би убил само еден човек, што ќе правиш со илјадниците, стотици и милиони луѓе кои веќе се кренати на нозе? Не можеш да молчиш, да убиеш, да запреш народ.

„Можеш да ме убиеш, но не и да ме исплашиш!“, откако доби закани по партискиот прес на кој го поддржа Зијадин Села, директорот на агенцијата за управување со одземен имот од редовите на алијанса за Албанците му возврати со филмска реплика на напаѓачот. Кренар Османи, од Тетово му пришол во ресторан и му упатил закани по животот.

Поддршка и осуда за заканите испрати и министерот за правда, Кренар Лога, и генерален секретар на партијата.

  • „Го осудуваме секој ваков чин на насилство од кој било, исто како што денеска го осудуваме кукавичкиот чин врз нашиот сопартиец Арбен Таравари. Насилството не е решение. Нека полициските органи го обелоденат  случајот  и виновниците да се изведат пред лицето на правдата. Сме биле толку многупати  заедно  што ни треба за да си го одржиме достоинството пред  членовите на нашите семејства“, напиша Лога на својот Фејсбук профил.

Заканите да запрат, а несогласувањата да се надминат со кревање рака, порача Небиу кој исто го осуди симболичниот атак кон лидерот на партијата.

Следната пресметка во демократска арена, Алијнса за Албанците ја закажаа за во сабота.

Павле Беловски

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Сè уште се трага по 11 деца и еден воспитувач по разорните поплави во Тексас

Дејан Дејан

Самитот на БРИКС започна во сенка на политиките на Трамп и тензиите на Блискиот Исток

Дејан Дејан

Хеликоптер на МВР интервенира кај Блаце, пожарот сè уште активен – сообраќајот се одвива отежнато

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе