Вести Македонија Топ вести

Таравари тргнувал кон работното место кога го нашол куршумот пред својата куќа

(фотографијата е илустрација, не е од местото на настанот)Куршумот бил најден пред влезот на куќата во Гостивар во која живее гостиварскиот градоначалник и претседател на Алијансата за Албанците, Арбен Таравари. Таравари тргнувал кон работното место кога го нашол куршумот пред својата куќа.

Откако лидерот на Алијанса ги известил вработените во својот кабинет, еден од нив го пријавил случајот на гостиварската полиција по што е започнат увид на местото на настанот.

Куршумот е подигнат од местото на настанот и е извршено фотографирање на местото на настанот. Станува збор за куршум со калибар 7,62 мм наменет за автоматска пушка.

Во партијата која ја води Таравари врие и има раскол меѓу актуелниот лидер и поранешниот претседател Зијадин Села. Таравари смета дека Алијансата треба да се придружи на опозицијата во албанскиот политички блок во Македонија за да се „извршат промените“ и заеднички да ја поразат ДУИ на изборите.

Села кој е претседател на Централното претседателство на Алијансата за Албанците се залага за самостоен партиски настап на изборите. Покрај куршумот пред врата, расколот предизвика и физички напад синоќа во Тетово кога директорот на Агенцијата за управување со одземен имот Дритон Небиу (подржувач на Села) беше нападнат од подржувачот на Таравари, Кренар Османи.

Оставен куршум пред домот на Таравари, синоќа нападнат Дритон Небиу!

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Орце Ѓорѓиевски кандидат на ВМРО – ДПМНЕ за градоначалник на Град Скопје

Дејан Дејан

Малиот Амр меѓу животот и смртта– симбол на страдањето на децата во Газа

Дејан Дејан

Хезболах одбива разоружување додека Израел не се повлече од јужен Либан

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе