Нема салмонела кај вработените и на површините во беровската детска градинка „23 август“, покажаа првичните резултатите од анализите на кочанскиот Центар за јавно здравје (ЦЈЗ). Директорот Гоце Серафимов вели дека во однос на храната ќе се утврди во следните 24 часа, а сѐ уште пред нив останува отворена задачата да се утврди кој е причинителот за оваа зараза.
Досега кај пет деца е потврдена бактеријата салмонела кои се пожалиле на дијареа и болки во стомакот. Во кочанскиот ЦЈЗ пристигнати се поголем број на мостри, а дел од нив и не се поврзани со беровската градинка.
Изминатата недела родителите на социјалните мрежи го изразуваа својот револт кои посочуваа дека бројката на заразени деца со салмонела е далеку поголем и е околу 40. Сметаат дека инспекциската контрола е задоцнета. Кујната во детската градинка не работи два дена, а по добиените резултати најавен е состанок на Советот на родители и на Управниот одбор на градинката.
Викторија Јованова