Вести Македонија Топ вести

САД: Ги поддржуваме сите напори за истрага на корупција во Северна Македонија

Силно ги поддржуваме напорите на Северна Македонија да бара одговорност од оние кои ја злоупотребуваат довербата на јавноста за лична корист, изјави за Гласот на Америка на македонски портпарол на Стејт департментот, на прашање за иницијативата на Министерството за надворешни работи да се санкционираат и дома лицата и субјектите што се ставаат на црната листа на САД.

Од Стејт департментот велат дека „институционалните и законски реформи кои ја зголемуваат транспарентноста и ја зајакнуваат борбата против корупцијата би биле добредојдени не само од меѓународната заедница, туку и од сите граѓани на Северна Македонија. Согласно предложените измени на Законот за рестриктивни мерки, правните акти на САД и Обединетото Кралство ќе бидат валидна основа за ставање на лица или компании на домашниот список на санкции.

Претходно од МНР рекоа дека целта на ваквиот чекор ќе биде одржување на меѓународниот мир, безбедноста, почитување на човековите права и основни слободи, како и борба против корупцијата.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Блокада на влезот во Битола – жителите револтирани од изградбата на новиот булевар

Дејан Дејан

16 финансиски институции и банки сакаат да ја финансираат брзата пруга – условите се уште непознати

Дејан Дејан

„Од личност до маска-за новата нормалност“: Промоција на книга од Влатко Деловски и настап на „Второ колено“ во ИЛИ-ИЛИ

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе