Вести Македонија

Кујната во градинката „23 август“ во Берово не работи, резултатите за присуство на салмонела најдоцна до задутре

Нема нови случаи на салмонела во детската градинка „23 август“ во Берово, но денеска и утре нема да работи кујната. Беровскиот градоначалник Звонко Пекевски вели дека се чекаат резултатите од вчерашниот вонреден инспекциски надзор на Центарот за јавно здравје (ЦЈЗ) и инспекторите од Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ).

Локалната власт најави дека за случајот со салмонела во детската градинката во Берово ќе се свика и Советот на родители и Управниот одбор на градинката.

Пред два дена, родители кои имаат згрижено деца во детската градинка „23 август“ реагираа дека нивните деца се заболени и се пожалиле на грчеви во стомакот и дијареа. Од петте мостри кои ги има земено ЦЈЗ Кочани се покажа дека кај две деца ја има бактеријата салмонела. Резултатите од вонредниот инспекциски надзор се очекуваат утре или задрутре.

Викторија Јованова

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

За „шетање“ затвореници на приватни собири- поднесено обвинение против Филип Андов -Сокол, екс директор на затворот Шутка и 7 затворски чувари и надзорници

Дејан Дејан

Колку ќе го чини МЕПСО раскинувањето на договорот за енергетското поврзување со Албанија?

Дејан Дејан

СДСМ: Владата не знае да се справи со пожарите, ги остави граѓаните сами со огнените стихии

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе