Вести Македонија Топ вести

(видео)Аџигогов и Деановски во Топ Тема: Бараме да си ја задржиме платата која ни беше исплатена во декември

Се обидува ли власта да ја пополни касата на Фондот за здравство со кратење на платите на вработените? Какви сѐ проблеми може да предизвика штрајк во ФЗОМ?

Во Топ Тема дебатираат Трпе Деановски, претседател на УПОЗ и Бранко Аџигогов претседател на Синдикатот во ФЗОМ.

Управниот одбор во ФЗОМ е составен од професионалци, претставници на синдикат имаме на Комора на стопанственици на лекарските комори, Организација на потрошувачи и Министерство за здравство. Подолго време бевме во неповолна состојба од 2015 кога се донесе Законот за административни службеници не се внимаваше на специфичноста на дејноста која ја обавуваат вработените во ФЗОМ, објасни Бранко Аџигогов претседател на Синдикатот во ФЗОМ.

  • Поднесовме барање до Собранието да бидеме изземени во делот на плати, но во Законот се вметна бодот дека не смее да надмине над државниот бод 81,6 денари. Се беше во ред кога нам во соработка со менаџментот ни се овозможи зголемување на платата. Ја зедовме платата за декември сега се бара намалување и враќање на претходно ниво. Последната исплатена плата е од декември месец и бараме да си ја задржиме платата која ни беше исплатена, вели Аџигогов.

Тој прашува дали сега вработените треба да се вратат да земаат плата под минималната? Според него пари има се до последните месеци на 2024 година, а 550 вработени ќе земат плата од 20.500 денари, а допатата законски ќе се правела.

Предлогот на Аџигогов е платата во висина веќе примената декемвриска да остане на исто ниво до крај на мај кога ќе завршат изборите и кога ќе се знае дали ќе има нова влада, нов релабанс на буџет и повторно да се направи математика.

Според Трпе Деановски, претседател на УПОЗ Мене чуден е потегот на Министерството за финансии, Уставниот донесе времена мерка за намалување од 30% на платите на вработените во Финансии, сега Министерството за финансии бара да се намалат платите на вработените во ФОЗ за 15%, за мене е апсолутно нелогично. Царинската управа и УЈП се друга приказна, бидејќи таму конечно се исплати нешто кое требаше да се исплати во 2008 година, откако директорката го потпиша колективниот договор со синдикатот со кој не се опфатени сите вработени.

  • Фондот за здравствено осигурување е независна институција, буџетот е веќе одобрен од Министерството за финансии. Сега има ново соопштение испратено до медиумите не до нас, дека доколку се исплатата овие плати нема да има пари за јавно здравство односно за лекови за граѓаните. Но, бидеме јасно дека ако не се исплатат платите на вработените во Фондот ќе нема пари за јавно здравство, бидејќи тогаш ќе има штрајк. Доколку се овозможи исплатата на оваа зголемена плата, има пари, ќе има средства и нема да има штрајк, вели Деановски.

Според него не е доволно јасно што ако Управниот одбор на ФОЗМ не донесе одлука, не може вработените да не замат плата. Одлуката требаше да се донесе на крај на минатата година а не сега, утре е први февруари.

Деановски потенцираше дека како шро ратсе минималната плата никогаш не се успгласуваат платите на вработените, а УПОЗ за тоа постојано и укажува на владата дека во еден монет сите ќе дојдат до ниво на минимална плата.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

„Од личност до маска-за новата нормалност“: Промоција на книга од Влатко Деловски и настап на „Второ колено“ во ИЛИ-ИЛИ

Дејан Дејан

(видео) ЦУК: Гори близу скопско Визбегово, чадот го обвива центарот на Скопје

Дејан Дејан

Полските борбени авиони во готовност поради руски напад врз Украина

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе