Вести Магазин Македонија

ФОТО: Прегратка на радоста- го фати крстот на Водици во Паланка и наградата (ТВ апарат) ја донираше на момче со Даунов синдром

(Фотографии од ФБ профил на Сашко Митовски, градоначалник на Крива Паланка)

Младиот Игор Младеновски од Крива Паланка има дијагностицирано Даунов синдром и живее со самохрана мајка. Една од желбите на Игор му беше да има телевизор и заедно со мајката Рушка да може да гледаат телевизија.

Желбата му ја исполни неговиот сограѓанин Наум Поцев кој на Водици, на традиционалното скокање по крстот, во студената Крива Река го фати крстот. Поцев како награда од општината доби телевизор, но, несебично одлучи да му ја исполни желбата на Игор.

Наум Поцев го донираше телевизорот на Игор кој со прегратка му врати.

Информацијата ја сподели градоначалникот на Крива Паланка, Сашко Митовски преку пост на Фејсбук:

-Во скромниот дом немаше телевизор иако сака да гледа. Заедно со Наум Поцев, кој годинава го извлече Богојавленскиот свет крст од Крива Река, ги посетивме нашиот сограѓанин Игор Младеновски, лице со Даунов синдром и неговата самохрана мајка Рушка, каде Поцев го донираше телевизорот, наградата доделена од страна на општината.
🫶Грижа за заедницата и хуманите дела нека бидат наша одлика.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Трошановски: Сè уште е доминантно расположението на граѓаните за ЕУ, сè помалку веруваат дека реформи би нè донеле таму

Дејан Дејан

Таткото Спасески се жали дека мајката го попречува да го види неговиот син

Дејан Дејан

Тројца кандидати го минаа филтерот за Европскиот суд за човекови права

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе