Пратеникот од ВМРО – ДПМНЕ Драган Ковачки со фејсбук статус му се обрати на вицепремиерот Фатмир Битиќи – И вашата сопруга добила грант, вие сте биле присутни на Влада!
Вице-премиере Битиќи, за што барате извинување? Што демантирате и што е неточно?
Еве бидејќи многу зборувате, а малку кажувате, јас ќе Ви кажам што е точно:
- Вашата сопруга заедно со сопругата на Директорот на Агенција за Разузнавање Еролд Муслиу Е основач на Конзорциумот кој го добил грантот.
- Вие сте биле на седница на Влада на која е задолжен Националниот координатор да потпише Меморандум без кој не можел да биде добиен грантот.
Господине Битиќи, фатени сте 100:0.
Наместо да се заканувате, пресметајте си уште колку денови ќе сте на власт за да се криете позади функцијата, се вели во татусот на Ковачки.
© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.