Вести Македонија

КОД: Бектеши не знаел за обвинувањата дека со злоупотреби на државни функционери е овозможен профит на РКМ, ОКТА и Хеленик Енерџи Холдингс

На последната предновогодишна седница, Антикорупциската комисија во иницијативата за кривично гонење за набавките на мазутот за ТЕЦ Неготино од фирмата РКМ, покрај екс директорот Васко Ковачевски го посочила и министерот за економија Крешник Бектеши.

Антикорупциската комисија тврди дека со злоупотреби на државните функционери е овозможен профит на РКМ, ОКТА и грчки Хеленик Енерџи Холдингс „преку уцена, измама, злоупотреба на јавен повик и со прекршување на меѓународен договор, на штета на интересот на РС Македонија.“

КОД по чии емисии почна постапката во ДКСК го контактираше и министерот Бектеши за овие сериозни обвинувања, за кои тој првпат слушна во телефонски разговор за време на подготвувањето на емисијата.

Кои се сомнежите на ДКСК и дали надлежните институции реагирале во вечерашната емсиија на КОД.

Во емисијата и истражување за обидот за испумпување на пари од УЈП преку поврат на ДДВ.

Во КОД и интересен случај кога општина Тетово за еден ден променила ДУП и се поставила во борбата за парцела меѓу приватен сопственик и државна болница.

Емисијата КОД е во редовниот термин вечерва (недела, 21.01.2024.) во 19:15, по Вечерните вести на Телма.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Планот на ЕСМ бил преамбиционез – произведени 35 отсто помалку струја во првиот квартал

Дејан Дејан

Паѓа ли Димитровска, а и со неа и довербата во ДКСК?

Дејан Дејан

Снемува работници ама без повисоки плати уште толку ќе нема – порачаа од ССМ и побараа зголемување

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе