Вести Македонија

УЈП демантира: Нема вратен поврат на ДДВ кон фирмите за кои зборуваше опозицијата

Управата за јавни приходи најостро ги демантира наводите од страна на ВМРО ДПМНЕ, во кои по кој знае кој пат, изнесуваат невистини за работењето на Управата за јавни приходи и на тој начин се обидуваат да нанесат штета врз работењето на УЈП.

Случаите за кои  кој денеска зборуваше Стоилковски, не се дел од  презентираната афера од понеделникот. Во однос на посочените даночни обврзници, кои ги презентираше ВМРО ДПМНЕ, информираме дека УЈП нема извршен поврат како што беше наведено од страна на ВМРО ДПМНЕ, велат од УЈП.

Од таму додаваат дека кај посочените даночни обврзници, кои ги презентираше ВМРО ДПМНЕ, информирале дека  по извршените контроли од страна на УЈП се преземени сите постапки.

Обврзниците доставиле даночни пријави со даночно побарување – аконтации оставени за идни периоди, (а не барања за поврат како што е изнесено во јавноста). Износот од 22,000.000 евра кој го споменуваат од ВМРО ДПМНЕ е износ кој е објавен во листа на должници кој всушност преставува даночен долг а не поврат и е врз основа на извршена контрола,за барање на поврат на ДДВ. Информираме и дека побарани се податоци  за патните исправи кои се наведени во историјатот на промени во Централен регистар на РСМ  и исто така известена е Управата за финансиска полиција за нивно запознавање и понатамошно постапување, велат од управата.

Од УЈП апелираат јавноста да не потпаѓа на овие манипулации и да ги следи само официјалните информации кои доаѓаат од страна на надлежните институции.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Крвава пресметка на битолскиот пазар – 42годишник се обиде да убие тезгаџија со нож

Дејан Дејан

Мапи со горливи точки објави ЦУК – централниот дел на земјава под висок ризик од пожари

Дејан Дејан

Припадник на АРМ убиен во престрелка во Батинци, се трага по убиецот

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе