Вести Македонија

Стојановски: Автобусите на ЈСП нема да сообраќаат се додека не биде исплатена платата за декември

Поради неисплатената плата за декември, автобусите на ЈСП од понеделник нема да сообраќаат, и покрај тоа што е закажана вонредна седница на Советот на Град Скопје, велат од Синдикатот на Јавното сообраќајно претпријатие.

За можноста во понеделник изутрина да биде пуштен по еден автобус на сите линии, за превоз на учениците, бидејќи стартува второто полугодие од учебната година, од Синдикатот велат дека тоа ќе биде разгледано утре.

-Утрото во понеделник во 4:30 часот ниту еден автобус нема да излезе од базите на претпријатието. Ако им беше важно на 45-те советници на Град Скопје да донесат одлука за субвенциите за ЈСП, тоа можеа да го сторат и вчера и денеска. Ние бараме плата за декември и редовна исплата на платите за 2024 година, вели Стојановски во изјава за МИА.

Прашан доколку во понеделник се донесе одлуката за субвенции на седницата на Советот на Град Скопје, дали истиот ден ќе биде воспоставен повторно јавниот превоз, тој посочува дека и доколку се донесе таа одлука, нејасна е процедурата оти не се знае кога ќе биде исплатена плата.

-Доколку одлуката се донесе во понеделник во разумно време, за парите да можат да легнат на сметката на претпријатието, во вторник ќе има јавен превоз. Во спротивно, автобусите на ЈСП нема да возат ниту во вторник, вели првиот синдикалец во ЈСП.

Тој потсетува дека одлуката за субенциите на ЈСП досега три пати била на седница на Советот, и три пати била „ескивирана“.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Мапи со горливи точки објави ЦУК – централниот дел на земјава под висок ризик од пожари

Дејан Дејан

Припадник на АРМ убиен во престрелка во Батинци

Дејан Дејан

Уапсен битолчанец кој со нож нападна сограѓанин на пазарот во Битола

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе